Сирија: Бунтовничка група ги има телата на петтемина Руси

05.08.2016 11:27

Ова е најголемата официјално признаена загуба на руските воени сили од почетокот на нивните операции во Сирија.

Досега непозната сириска бунтовничка група соопшти дека ги има телата на петтемина Руси, кои беа убиени при соборувањето на нивниот хеликоптер и побара нивна размена за заробеници.

Групата, исто така, бара прекин на блокадите на реоните, опколени од сириската армија и нејзините сојузници, како и испорака на хуманитарна помош за луѓето во опколените региони.

Ова е најголемата официјално признаена загуба на руските воени сили од почетокот на нивните операции во Сирија.