Случај „Јагула“: Поднесено обвинение против две лица

05.08.2016 12:07

Јавното обвинителство во 2014-та отвори истрага за 16 лица. Беа обвинети за финансиски малверзации со тендери, преку кои незаконски стекнале 112 милиони денари...

Поднесено е обвинение против поранешниот градоначалник на Охрид Александар Петрески. Тој е обвинет во случајот „Јагула“. Се товари за злоупотреба на службената положба и за примање поткуп. Во истиот случај е обвинет уште еден соработник на градоначалникот.

Јавното обвинителство во 2014-та отвори истрага за 16 лица. Беа обвинети за финансиски малверзации со тендери, преку кои незаконски стекнале 112 милиони денари. Минатиот месец петмина од нив добија пресуди откако се спогодија со обвинителството, а за преостанатите девет, постапката е запрена.