Тетовчанец заразен од маларија

05.08.2016 12:13

Здравствената состојба му е подобрена со земање на неопходната терапија. Во епидемиолошката анкета тетовчанецот кажал дека воопшто не пиел антималарици пред да замине на Афричкиот континент.

Дваесет и четири годишен Тетовчанец со маларија е хоспитализиран во карантинската соба на инфективна клиника. Болеста ја донел од Мали каде што работел- информираат од Институтот за јавно здравје.

Здравствената состојба му е подобрена со земање на неопходната терапија. Во епидемиолошката анкета тетовчанецот кажал дека воопшто не пиел антималарици пред да замине на Афричкиот континент.

За 5 месеци ова е петти регистриран случај заразен со ова тропско заболување што го пренесуваат комарци. Еден од заболените е починат.

Сите заболени се млади на возраст од 21 до 35 години.