За викендот претежно сончево време со високо УВ зрачење
Утре кон крајот на денот ќе има услови за нестабилна облачност и краткотрајни дождови. В недела пак, ќе има позначително наоблачување со повеќе дожд, грмежи и ветер.

Синоптичарите за овој викенд најавуваат претежно сончево време, со високо УВ зрачење. Утре кон крајот на денот ќе има услови за нестабилна облачност и краткотрајни дождови. В недела пак, ќе има позначително наоблачување со повеќе дожд, грмежи и ветер.
Температуратурите на воздухот во јули годинава, според УХМР, биле над просекот за 1,5 степен, додека врнежите се под просекот во повеќе места освен во Берово, Скопје и Демир Капија каде се над просекот.
Во текот на минатиот месец најмногу тропски денови се регистрирани во Гевгелија 30, а тропски ноќи со над 20 степени целзиусови се регистрирани во Гевгелија, Скопје, Демир Капија, Штип, Струмица и Прилеп.
