Катастар: 58% од барањата примени по електронски пат
Со ова велат од Агенцијата, се намалува времето за поднесување на барања до катастарот, се намалуваат трошоците, а се зголемува правната сигурност и се забрзува решавањето на предметите.

Агенцијата за Катастар на недвижности во февруари 2014-та година го пушти во употреба електронскиот шалтер, а денес истиот го користат 711 професионални корисници, односно сите геодетски фирми, нотарски канцеларии, сите општини, 92 извршители, банки, проценители, стечајни студии, министерства, агенции и управи.
Со ова велат од Агенцијата, се намалува времето за поднесување на барања до катастарот, се намалуваат трошоците, а се зголемува правната сигурност и се забрзува решавањето на предметите.
Заклучно со јули годинава преку електронскиот шалтер доставени се 1.104.599 барања, а Агенцијата за катастар на недвижности во јули 2016 година 58 отсто од сите барања, односно 43.150 од вкупно 73.837 ги доби по електронски пат. Лани во јули биле примени 83.937 барања од кои 38.517, односно 46 отсто по електронски пат.
Оваа реформа веќе ги дава резултатите, а тоа најдобро се гледа на шалтерите во Агенцијата за катастар на недвижности. Денес имаме 58 отсто помалку граѓани кои треба да дојдат до нашите шалтери за да поднесат барање со што значително се намали гужвата во катастарот, вели директорот на Агенцијата за Катастар, Славче Трпески.
