Извозот во првите шест месец со раст од 4,1%

05.08.2016 13:18

Вредноста на извозот е изнесува 2.275.485.000 и бележи пораст од 4,1 отсто во однос на тој период лани, додека увeзената стока е 3.253.954.000 долари или 4,8 проценти повеќе...

Вкупната трговска размена во периодот јануари- јуни годинава достигна 5 милијарди 529 милиони 439 илјади американски долари и е зголемена во однос на истиот период лани за 4,5 насто. Притоа вредноста на извозот изнесувала 2 милијарди 275 милиони долари и бележи зголемување од 4,1 насто, додека увозот достигнал 3 милијарди 253 милиони долари и е повисок за 4,8 насто, соопшти Државниот завод за статистика. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 70 насто. Трговскиот дефицит во првата половина од 2016-та достигнал 978,5 милиони долари.

Анализата на структурата на извозот покажува дека доминираат катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетови на проводници за палење за возила, авиони или бродови, фероникелот и облеката. Во увозот најзастапени биле: платината, нафтени масла и маслата добиени од битуменозни минерали,други метали од платинската група.

По сектори извозот на храна бил зголемен за 15,3 насто, на пијалаци и тутун за скоро 4, на растителни и животиниски масла и масти за 36,5%. Експортот на хемиски производи бил повисок за 12,7 насто, а на машини и транспортни уреди за 24,6%. Истовремено извозот на суровини бил намален за 18,1 насто, а на минерални горива за дури 21,7%.

ЕУ останува најголем партнер на домашните фирми. Извозот за 6 месеци е зголемен за 9,4%, а увозот пораснал за 6 насто.

По земји најважни трговски партнери остануваат: Германија, Велика Британија, Србија, Грција, Италија, Бугарија, Кина, Турција, Романија и Белгија.