Зголемен бројот на пријавените спорни гласачи до ДИК
05.08.2016 13:57
До пладне до ДИК се обратиле над 2.100 граѓани, чиишто записи во избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни.

Се зголемува бројот на пријави во Државната изборна комисија. До пладне до ДИК се обратиле над 2.100 граѓани, чиишто записи во избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни.
Луѓето со податоци кои не се совпаѓаат со оние во избирачкиот список треба да се пријават до 19-ти август. Спорните гласачи коишто ќе го испуштат рокот, ќе имаат и втора шанса за време на јавниот увид во избирачкиот список, непосредно пред изборите.
Државната изборна комисија во моментов спроведува кампањата за анимирање на овие луѓе да се пријават за да можат на гласаат на претстојните избори.
