Украина

Мирна ноќ на Мајданот

30.01.2014 10:26

Мирна ноќ на Мајданот откако во Украинскиот парламент беше изгласан предлог-законот за амнестија на уапсените...

Мирна ноќ на Мајданот откако во Украинскиот парламент беше изгласан предлог-законот за  амнестија на уапсените   кои протестираа минатиот месец.  Законот ќе биде применет единствено ако демонстрантите  ги напуштат сите владини згради за 15 дена, кои ги   корист како упоришта за време на демонстрациите.  Опозицијата не гласаше и се спротивстави на ваквото условување.

Сигурен сум дека наскоро ќе победиме, бидејќи луѓето не се плашат да излезат на улица, не само во Киев, туку и во други градови. Тие знаат дека се борат за својата земја и иднината. Без борба нема победа“, изјави Виталиј Кличко, лидер на опозиција.

Високата претставничка на ЕУ, Ештон, по средбата со Јанукович повика на воспоставување дијалог меѓу Власта и опозицијата. Ниту  температурата од – 20 Целзиусови степени, не ги поколеба демонстрантите да минат уште една ноќ на Мајданот. Масата со апел до претседателот дека протестите ќе продолжат се додека тој не поднесе оставка.

„Не се согласуваме со политиката на претседателот, ќе останеме овде до крај. Ова е диктаторски систем и затоа се бориме за нашата слобода“ изјави жител на Киев. „Нема да си одиме додека не се изполнат нашите барања,  кои се реални и разумни“ изјави жител на Киев.

САД  ќе воведат финансиски санкции кон  претставниците на власта и опозицијата доколку состојбата не се стабилизира. Германската канцеларка Меркел побарала од рускиот претседател Путин да помогне во решавањето на кризата, но официјална Москва не сака мешање во внатрешните проблеми на Киев.

 

Марија Петковска