ЕУ: Подготвени сме да помогнеме за справување со последиците од невремето

07.08.2016 20:48

Во овие тешки моменти, ЕУ е подготвена да им помогне на властите преку Механизмот за цивилна заштита на Унијата доколку таква помош е потребна, се наведува во соопштението од Делегацијата на Европската унија во Скопје.

Европската унија вечерва искажа подготвеност да им помогне на македонските власти во справувањето со последиците од невремето во скопско и тетовско.

Во овие тешки моменти, ЕУ е подготвена да им помогне на властите преку Механизмот за цивилна заштита на Унијата доколку таква помош е потребна, се наведува во соопштението од Делегацијата на Европската унија во Скопје.

ЕУ изразува најдлабоко сочуство на семејствата на оние кои ги изгубија своите сакани за време на поплавите и изразува надеж за брзо опоравување на сите повредени.