Русија ја одби помошта на САД во Сочи
30.01.2014 10:34
Пентагон и понудил помош на Русија за време на Олимписките игри во Сочи, но Русија одбила...

Пентагон и понудил помош на Русија за време на Олимписките игри во Сочи, но Русија одбила.
Во телефонски разговор американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел и неговиот руски колега Сергеј Шојгу се договориле да формираат воен комуникациски канал за итни случаи.
Во обраќањето пред Сенатот директорот на Националниот центар за антитероризам, Метју Олсен изјави дека безбедноста во Русија е на највисоко ниво, но сепак постои можност за терористички напади.
