Tелефонски број за донации за поплавените подрачја

08.08.2016 08:03

Oтворен е телефонскиот број 143 400 за донации. Граѓаните својата помош и солидарност можат да ја дадат со донација од 100 денари, на кој било од операторите...

По тешките поплави кои го зафатија скопскиот и тетовскиот регион, човечките жртви и непоправливите материјални штети што ги погодија огромен број семејства, отворен е телефонскиот број 143 400 за донации.

Граѓаните својата помош и солидарност можат да ја дадат со донација од 100 денари, на кој било од операторите.