Ден на жалост за настраданите во поплавите, кризна состојба во скопско и тетовско
Знамињата пред државните институции се на половина копје, за 21-та жртва на незапаметеното невреме. Владата вчера донесе одлука за воведување кризна состојба во скопскиот и во тетовскиот регион во траење од 15 дена...

Тажен ден за Македонија, денеска е ден на жалост за настраданите во поплавите во неколкуте скопски села и населби. Знамињата пред државните институции се на половина копје, за 21-та жртва на незапаметеното невреме.
Владата вчера донесе одлука за воведување кризна состојба во скопскиот и во тетовскиот регион во траење од 15 дена, како и одлука за доделување еднократен паричен надоместок од 300 илјади денари за семејствата на загинатите граѓани.
Дирекцијата за заштита и спасување е задолжена целокупната опрема, од сите региони во државата, да ја стави на располагање во кризните региони.
За поефикасна процена на направените штети, Владата ги задолжи државните институции да назначат одговорни лица.
