Најмногу дожд ноќеска во Крушево

08.08.2016 10:12

И денеска Македонија според УХМР ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса што доаѓа од Медитеранот. Таа се движи кон север и Република Србија...

Не престанува да врне низ земјава. Во последниве 24 часа најмногу дожд, 51 литар на квадратен метар наврна во Крушево, а најмалку еден литар во Берово. Водниот талог до осум часот во скопски Петровец изнесувал 41 литар, во Демир Капија 40, во Скопје 33, Тополчани и Тетово по 30 литри на квадратен метар.

И денеска Македонија според УХМР ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса што доаѓа од Медитеранот. Таа се движи кон север и Република Србија.  Попладнево ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, на југот и југозападот на земјава. Температурата ќе се движи меѓу 25 и 31 степен целзиусов.

Од Управата предупредуваат на електричните празнења, да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја и да не се користат мобилните телефони.