Петнаесет години од загинувањето на македонските бранители кај Карпалак
На 8-ми август на патот Скопје - Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија, при што загинаа десет припадници на Армијата.

Владина делегација предводена од министерот за одбрана, Зоран Јолевски и делегација на АРМ положи цвеќиња пред спомен плочата во месноста Карпалак каде што се одбележуваат 15 години од загинувањето на 10-те бранители на Карпалак во 2001 година.
На 8-ми август на патот Скопје - Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак од заседа беше нападнат конвој на Армијата на Република Македонија, при што загинаа десет припадници на Армијата.
Тие од прилепската касарна се упатиле на задача кон Тетово. Кај Карпалак беа пресретнати од група терористи. Загинувањето на бранителите ќе се одбележи и во прилепската касарна.
