Експерти од ЕУ ќе ја проверуваат атмосферската канализација во поплавените подрачја
08.08.2016 11:52
Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека се во контакт со одговорните од ЕУ и дека во следниот период постепено ќе следува и останатиот дел од помошта.

Двајца експерти од Европска Унија ќе ја проверуваат атмосферската канализација во поплавените подрачја. Ова е дел од помошта преку механизмот за цивилна заштита на Унијата кој вчера и беше понуден на земјава.
Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека се во контакт со одговорните од ЕУ и дека во следниот период постепено ќе следува и останатиот дел од помошта.
Вчера од Унијата изразија најдлабоко сочувство до семејствата кои ги загубија саканите за време на поплавите и посакаа брзо закрепнување на повредените.
