Општина Струмица: Милион денари за настраданите од поплавата

08.08.2016 13:33

Советот на општина Струмица донесе одлука за доделување помош на настраданите од поплавите во Скопскиот регион во висина од еден милион денари од буџетот на Општината...

Милион денари за настраданите во поплавениот скопски регион, решија советниците на Општина Струмица. Испратена е и помош во механизација и луѓе за расчистување на местата кои беа погодени од поплавата.

Советот на општина Струмица донесе одлука за доделување помош на настраданите од поплавите во Скопскиот регион во висина од еден милион денари од буџетот на Општината. Механизација и луѓе се испратени во подрачјата кои што беа зафатени од поплавите од Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ и Територијалната противпожарна единица, рече претседателот на Советот, Јосиф Христов.