Отворен пункт за хуманитарна помош во Прилеп

08.08.2016 13:37

Локалната самоуправа и Црвениот крст отворија пункт за хуманитарна помош.

Прилеп  ги става на располагање капацитети за техничка помош за санирање на последиците од невремето во Скопје. Локалната самоуправа и Црвениот крст отворија пункт за хуманитарна помош.

Во текот на овој ден и во наредните, ќе отвориме уште пунктови во поголемите населби за луѓето да можат да донираат, најави градоначалникот Марјан Ристески.