Хуманитарна помош за настраданите во невремето

08.08.2016 13:51

Бидете хумани, покажете ја човечноста на дело за што поскорешно санирање на последиците од поплавите се неопходни финансиски средства. И Вие можете да се вклучите во помошта преку следниве телефони и жиро сметка...

На отворениот телефонски број 143-400 сите хумани граѓани со едно јавување преку сите мобилни оператори, можат да донираат по 100 денари за помош за  жителите во подрачјата погодени од невремето.

Средства може да се донираат и на жиро сметката на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, додека во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8:00 до 18:00 часот може да се предава помо во храна, вода, пелени, средства за хигиена и дезинфекција...

На социјалната мрежа „Фејсбук“ е формирана група „Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје“ на која може да се добијат информации за потребната помош од волонтери, помош во вид на донации, информации за нови собирни места за помош, за расположливите човечки ресурси за директна помош, како и информации за состојбата на терен.

Вчера и Сојузот на стопански комори ги повика компаниите да се вклучат во обезбедувањето помош за настраданите.

Поддршка пристигнува и од повеќето општини, како и од државите од соседството.