ССМ со хуманитарна акција за помош на настраданите од невремето

08.08.2016 13:55

Сакаме на овој најнепосреден начин, ССМ да покаже дека ја афирмираме солидарноста и ги повикува сите хумани луѓе максимално да се вклучат во спроведување на хумантарната акција, рече претседателот на ССМ, Живко Митрески.

Сојузот на синдикатите на Македонија испраќа вода, храна и средства за хигиена за поплавените. Побарана е и помош од синдикатите од околните земји.

Сакаме на овој најнепосреден начин, ССМ да покаже дека ја афирмираме солидарноста и ги повикува сите хумани луѓе максимално да се вклучат во спроведување на хумантарната акција, рече претседателот на ССМ, Живко Митрески.

На меѓународен план Сојузот на синдикати на Македонија планира за ситуацијата во Македонија да ги информира и Европската конфедерација на синдикати и Светската конфедерација на синдикати и да побара  соодветна помош со цел да се надминат последиците од елементарната непогода.