Пакистан: Над 60 загинати во самоубиствен бомбашки напад

08.08.2016 14:22

Нападот се случил откако во болничката мртовечница било донесено телото на истакнатиот адвокат Биал Каси, убиен во престрелка, во момент кога кај болничката капија се собрале поголем број адвокати и новинари.

Најновиот биланс од нападот на бомбашот самоубиец на капијата од државната болница во Квета се искачи на 63 лица, а најмалку 50-мина се повредени.

Нападот се случил откако во болничката мртовечница било донесено телото на истакнатиот адвокат Биал Каси, убиен во престрелка, во момент кога кај болничката капија се собрале поголем број адвокати и новинари.

Се претпоставува дека бомбашот кој го активирал експлозивот бил меѓу нив. Началникот на полицијата изјавил дека истрагата е се уште во тек, како и тоа дека никој засега не ја презел одговорноста за нападот.

Исто така не е познато ниту кој го убил Каси, којшто бил застрелан на пат кон судница.