МТСП: Пет слободни дена за вработените од погодените подрачја

08.08.2016 14:51

Препораката, како што соопшти Министерството, е согласно задолжението на Владата од седницата одржана вчера.

Приватните компании пет дена да ги ослободат од работа вработените кои живеат во подрачјата погодени од поплавите, препорачува Министерството за труд и социјална политика.

Препораката, како што соопшти Министерството, е согласно задолжението на Владата од седницата одржана вчера.