Турција бомбардира позиции на ПКК

08.08.2016 15:08

Нападот бил изведен во неделата по безбедносна дојава дека членови на Работничката партија на Курдистан делуваат во околината на провинцијата Сирт.

Во напад на турските воздушни сили врз позиции на курдските бунтовници на југоистокот од Турција загинале 13 курдски борци.

Нападот бил изведен во неделата по безбедносна дојава дека членови на Работничката партија на Курдистан делуваат во околината на провинцијата Сирт.

Турските сили со децении се борат против ПКК, а судирите се интензивираа по прекршување на мировниот договор во 2015 година.