Брисел подготвен да ѝ помогне на Македонија
Кординативниот центар за реакција при Европската Комисија веќе подготвува да распореди мал тим на терен- потврди портпаролот Мина Андеева...

Во моментов се работи на специфицирање на конкретните потреби за справување со вонредната состојба, по што и официјално ќе биде побарана меѓународна помош- информираа од македонското Министерсво за надворешни работи. Официјален Брисел најави дека е подготвен да ѝ помогне на земјава.
„Барањето за активирање на механизмот за цивилна заштита треба да биде покренато од страна на македонските власти, и тоа го очекуваме во овој период. Европската Комисија ги координира волонтерските понуди од страна на земјите учеснички и може да го ко-финансира транспортот на материјалите и експертите во земјата. Земјите учеснички може да обезбедат помош на доброволна основа, вклучително тимови и опрема, засолништа, медицинска опрема и дргуги основни елементи и експертиза“, изјави портпаролката на ЕК, Мина Андреева.
Кординативниот центар за реакција при Европската Комисија веќе подготвува да распореди мал тим на терен- потврди портпаролот Мина Андеева. Станува збор за двајца експерти од ЕУ кои ќе ја проверуваат атмосферската канализација во поплавените региони. Во моментов веќе пристигна помош од неколку држави.
Марина Стојанова- Тонева, постојан допиник од Брисел за МРТ
