Шулц: Балканот во Европа

30.01.2014 11:13

Шулц јасно кажа дека сите земји од Балканот ќе се најдат во идната структура на Европската Унија...

Европскиот парламент и Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) се природни партнери, изјави Мартин Шулц, претседателот на Европскиот парламент пред парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа. Пред нив, Шулц јасно кажа дека сите земји од Балканот ќе се најдат во идната структура на Европската Унија.
 
Мартин Шулц притоа изрази надеж дека соработката меѓу двата соседи ќе се развива и засилува, која веќе се покажа на дело при набљудувањето на изборите, како и синергијата во областа на почитувањето на човековите права.
Претседателот на Европскиот парламент во таа прилика обраќајќи им се на пратеницте од земјите од Балканот јасно кажа дека сите тие ќе се најдат во идната структура на Европската Унија. 
 
„Земјите од Западен Балканот, вашата земја, порано или подоцна треба да имаат она што јас не сакам да го нарекувам „европска перспектива“, бидејќи тие зборови не се многу јасни. Дали тоа значи дека тие треба да се гледаат во Европа преку планина, кога зборуваме за европска перспектива? Земјите од поранешна Југославија, кои сега ги нарекуваме земјите од Западен Балкан, и соседните земји, еден ден ќе побараат да станат членки на Европската Унија, но тоа ќе зависи од нивниот капацитет да ги апсорбираат заедничките придобивки, од нивниот економски развој. Значи, патот можеби ќе биде долг, но идната структура на Европската Унија, според мене, ќе ги опфати овие земји“, нагласи Шулц. 
 
Советот на Европа со своите надлежности и структури е најповикан да се изјасни за почитувањето на условите од Копенхаген, борбата против корупцијата, организиарниот криминал или почитувањето на човековите права. Според претседателот на ЕП, идното прифаќање од страна на Европската Унија на Европската конвенција за човекови права ќе биде “историска етапа“ на патот за поголeмо приближување меѓу двете организации.
ПССЕ брои 47 земји членки, Европскиот парламент само 28 или како што предупреди досегашниот претседател на ПССЕ, Жан Клод Мињон, Советот на Европа не смее да се претвори во огранок на Европската Унија.
 
Тони Гламчевски