Чествување 1.100 години од упокојувањето на Св. Климент Охридски
Свечената академија, насловена „Корените на словенската цивилизација“, требаше да се одржи вчеравечер но беше одложена за денеска поради трагичниот настан предизвикан од невремето во главниот град...

Во Охрид со низа културни и научни содржини на највисоко државно ниво ќе бидат одбележани 1.100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски.
Свеченостите почнуваат во црквата „Света Софија“ кадешто точно напладне ќе биде отворена изложбата „Портретите на Свети Климент во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“.
Вечер на свечената академија во Античкиот театар ќе говорат претседателот Ѓорге Иванов, првиот човек на МАНУ, Таки Фити и охридскиот градоначалник Никола Бакрачески.
Симфонискиот оркестар на Македонската филхармонија ќе одржи концерт, солисти ќе бидат Ана и Игор Дурловски, а диригент Бојан Цанев.
