ОН бараат итен прекин на борбите околу Алепо

09.08.2016 10:16

Според претставниците на светската организација, секоја недела треба да има 48-часовен прекин на огнот, за да се дополнат хуманитарните резерви и да се достават лекови во градот.

Обединетите Нации повикаа на итен прекин на борбите во реонот на Алепо во северна Сирија за да се достави хуманитарна помош. Се проценува дека повеќе од два милиона луѓе се без струја и вода.

Според претставниците на светската организација, секоја недела треба да има 48-часовен прекин на огнот, за да се дополнат хуманитарните резерви и да се достават лекови во градот.

За денеска е планирана средба зад затворена врата на Советот за безбедност, на која ќе присуствува и специјалниот пратеник на Обединетите Нации за Сирија, Стафан Де Мистура.