Жителите на најпогодените места во скопскиот регион сѐ уште водат борба со надојдената вода

09.08.2016 10:53

Централна комисија во координација со општините ќе ги проценува штетите од невремето. Парално со утврдувањето ќе се врши и исплатата...

Жителите на најпогодените места во скопскиот регион сѐ уште бијат битка со надојдената вода. Со машини ја испумпуваат од куќите и дворовите. Штетата е голема, поплавени ни се куќите, но продолжуваме да се бориме со последиците од стихијата, велат жителите.

Припадници на армијата, полицијата, пожарникари и од други институции помагаат да се  санираат штетите. Централна комисија во координација со општините ќе ги проценува штетите од невремето. Парално со утврдувањето ќе се врши и исплатата.

Отежнат е сообраќајот во Стајковци, Смилковци, Арачиново, Сингелиќ. Овие населени места сѐ уште се без струја. Во прекин е и сообраќајот по скопската обиколница од клучката Хиподром до клучката Сарај. Прекинот ќе трае до завршување на активностите околу нејзиното расчистување.