Поранешен член на ОВК осуден на осум години затвор
Во соопштението на Еулекс се наведува дека Џемшит Красниќи е осуден на затвор поради „апсење, незаконско задржување, нарушување на интегритетот и тортура врз неколку сведоци и непознати цивили“.
Меѓународниот суд на Косово осуди поранешен член на ОВК на осум години затвор за воени злосторства против цивили. Во соопштението на Еулекс се наведува дека Џемшит Красниќи е осуден на затвор поради „апсење, незаконско задржување, нарушување на интегритетот и тортура врз неколку сведоци и непознати цивили“.
Еулекс посочи дека злосторствата биле извршени во логори на ОВК во Кукс и Чахан во Албанија, како и во Призрен во 1999-та година.
Не се споменуваат конкретни случаи или имиња на жртвите, но се нагласува дека „обвинетиот ги извршил злосторствата заедно со други членови на ОВК“.
