Македонија се солидаризира со настраданите од саботното невреме
09.08.2016 12:25
Се испраќаат пакети со храна, вода, средства за хигиена...

За два дена преку телефонскиот број за донации 143-400 беа собрани пет милиони денари. Граѓани, организации, општини, компании, синдикати донираат за настраданите во поплавите. Се испраќаат пакети со храна, вода, средства за хигиена.
Македонските спортисти со донации се приклучија во помошта за настраданите во поплавите. Први се огласија фудбалерите. Средствата од квалификацискиот натпревар против Албанија во целост ќе ги донираат на погодените од катастрофалната поплава.
Кошаркарската селекција на македонија, која се подготвува за квалификациите за Европското првенство со порака- „Ние дониравме, приклучете се и вие“. Поддршката доаѓа и од македонските авто-клубови.
