Помош од Прилеп и Велес за настраданите во поплавите во скопско

09.08.2016 12:30

На вонредна седница Советот на Општина Велес донесе одлука да се издвојат милион денари за настраданите...

Прилеп испрати конвој со 150 луѓе и технички средства за поплавените во скопскиот регион. Како што информираат од локалната самоуправа, во акцијата се вклучени над 150 луѓе од јавните комунални претпријатија од Прилеп од ЈП за Просторно и урбанистичко планирање, од Македонски шуми – „Црн Бор“- Прилеп, екипи од противпожарната единица, од Македонија пат од прилепската подружница, од Службата за итна медицинска помош и работна сила од Тутунскиот комбинат.

На вонредна седница Советот на Општина Велес донесе одлука да се издвојат милион денари за настраданите. Ќе се исплатат во две транши. Понудена е и механизација, а во градот е отворен и пункт за хуманитарна помош.