„Фереро“ ќе поставува опитни парцели со лешници во Македонија
Со последните законски измени се предвиде давање земјиште под концесија на 70, кое досега беше ограничено на 30 години. Дополнително, државата обезбедува и субвенции од 33.000 денари.

Италијанската компанија „Фереро“ е заинтересирана за поставување опитни парцели лешник во Македонија. Од државата ќе бара под концесија 10 до 20 хектари земјоделско земјиште во регионот Охрид, Струга и Ресен.
Со последните законски измени се предвиде давање земјиште под концесија на 70, кое досега беше ограничено на 30 години. Дополнително, државата обезбедува и субвенции од 33.000 денари.
„Сакаме да ги истражиме условите за одгледување лешници. Заинтересирани сме за Охридско- струшкиот и за Преспанскиот регион каде што на 20 хектари планираме да направиме опитни насади. Измените во законот не мотивираа да инвестираме во Македонија“, изајви претставникот на компанијата „Фереро“.
Овие поволности велат од италијанската компанија биле пресудни за инвестирање во земјава. Површините во последните години се зголемени од 400 на 600 хектари.
