Над 26.000 приведени во врска со обидот за пуч во Турција
09.08.2016 14:42
За исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за пучот, Боздаг истакна дека неговата улога во немирите е „факт, кој им е познат на сите“.

Над 26 илјади луѓе се приведени во врска со обидот за пуч во Турција, од нив 16 илјади се задржани во притвор, соопшти турскиот министер за правда Бекир Боздаг.
За исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за пучот, Боздаг истакна дека неговата улога во немирите е „факт, кој им е познат на сите“.
Според Боздаг, исламскиот проповедник веќе не е „корисен инструмент“ за САД. Боздаг смета дека „инструментите кои дејствуваат со поддршка на странски сили“, не можат „да ја кројат судбината“ или да ја решаваат иднината на Турција.
