Рио Де Женеиро: Тројца повредени во напад врз автобус со новинари

10.08.2016 10:26

Повредените се новинари од Турција, Аргентина и Белорусија. Во нападот биле искршени и неколку прозорци на автобусот.

Три лица беа полесно повредени синоќа при напад врз автобус со новинари, кои известуваат од Олимписките игри во Рио. Повредените се новинари од Турција, Аргентина и Белорусија. Во нападот биле искршени и неколку прозорци на автобусот. 

„Се возевме на автопатот кога слушнавме гласна врева. Тогаш не застрелаа. Во шок сум“, изјави Кан Коркмаз, олимписки волонтер од Турција.

„Не сум експерт за оружје, но од моето искуство можам да кажам дека според звукот се работеше за оружје од мал калибар“, вели Шерил Ли Мајклс, новинар од САД..

Автобусот се движел од спортскиот комплекс „Деодоро“ кон главниот прес центар. По нападот возилото го продолжило патот со воена придружба.