Ограбена банка во Атина

10.08.2016 10:42

Според непотврдени извештаи, украдени биле повеќе од 60.000 евра. Полицијата била повикана откако завршил грабежот.

Четворица маскирани разбојници вооружени со автоматски пушки и пиштоли ограбиле филијала на банката „Пиреја“ во Атина, при што како заложници цели два часа држеле осуммина вработени и пет клиенти.

Според непотврдени извештаи, украдени биле повеќе од 60.000 евра. Полицијата била повикана откако завршил грабежот.

Очевидци изјавија дека крадците пеш си заминале од банката и влегле во возила, кои биле паркирани недалеку и ги возеле нивни соучесници.