Надминување на бирократските бариери за бизнисот
Правните субјекти електронски ќе ги пријавуваат годишните завршни сметки...

Правните субјекти електронски ќе ги пријавуваат годишните завршни сметки, а крајниот рок е 15 март. За големите и средни фирми електронскиот систем е задолжителен.
Поднесувањето од страна на микро и малите субјекти може сеуште да биде во хартиена форма, но најдоцна до 28 февруари.
Се надминува потребата за двојни сертификати. Ќе треба само потпис од овластено лице.
„Успеавме да докажеме дека се надминува уште една бирократска бариера и трошење време на шалтери. Заштедата на времето и средствата за фирмите ќе се обезбеди преку електронското поврзување“, изјави денеска премиерот Никола Груевски во Централниот регистар.
Оваа мерка е уште едно олеснување за водење бизнис, за подобрување на бизнис климата и на нашата позиција во извештајот на „Дуинг Бизнис“, посочи Груевски.
Сузана Фиданска- Стоевска
