Бразил: Сенатот одобри постапка за импичмент на Русеф

10.08.2016 11:16

Противниците на Русеф ја обвинуваат дека во првите месеци од својот втор мандат потпишала неколку укази за користење на буџетски средства без да се консултира со Конгресот...

Бразилскиот сенат по повеќе од 15 часа дискусија изгласа продолжување на процедурата за импичмент на Дилма Русеф, која беше времено отстранета од претседателската функција по обвинение за финансиски малверзации.

Одлуката е усвоена со 59 гласа и 21 против. Противниците на Русеф ја обвинуваат дека во првите месеци од својот втор мандат потпишала неколку укази за користење на буџетски средства без да се консултира со Конгресот, како и за други финансиски прекршоци.