Виетнам: Распоредени нови ракетни системи во Јужнокинеско Море

10.08.2016 12:02

Според воени експерти, ова е мерка поради военото присуство на Кина на седум острови од Архипелагот, кон кои Пекинг има територијални претензии.

На неколку острови во спорното Јужнокинеско Море, Виетнам тајно распоредил нови ракетни системи, способни да погодат цели и воени објекти во Кина.

Според воени експерти, ова е мерка поради военото присуство на Кина на седум острови од Архипелагот, кон кои Пекинг има територијални претензии.

Виетнамското министерство за надворешни работи ја негираше информацијата и одби каков било коментар на оваа тема.