Багдад: Единаесет новороденчиња загинаа во пожар во болница
10.08.2016 12:13
Огнената стихија го зафатила гинеколошко-акушерскиот оддел на болницата „Јармук“ во западниот дел на Багдад.

Единаесет новороденчиња загинаа во пожар што избувна синоќа во болница во Багдад. Огнената стихија го зафатила гинеколошко-акушерскиот оддел на болницата „Јармук“ во западниот дел на Багдад.
Според првичните податоци, причина за пожарот е куса врска во електричната инсталација.
