Продолжува хуманитарната акција, собрани над 13 милиони денари
Од Црвен Крст велат за да нема злоупотреби од пунктовите во Момин Поток и во основното училиште „Наум Наумовски Борче“. Помошта се дистрибуира директно до домовите...

Продолжува хуманитарната акција за настраданите. Отворени пунктови, телефонски линии, жиро-сметки. Граѓаните, компаниите, невладините организации се на нозе.
На жиро- сметката на фонд на солидарност и на отворените телефонски линии досега се собрани над 13 милиони денари. Само денеска приватна компанија донираше 100 илјади евра.
Од Црвен Крст велат за да нема злоупотреби од пунктовите во Момин Поток и во основното училиште „Наум Наумовски Борче“. Помошта се дистрибуира директно до домовите.
Црвениот Крст во изминатите три дена до најпогодените подрачја од саботното невреме дистрибуираше 55 тони вода, 5.500 пакети со храна (секој наменет за четири лица), 190 душеци, 356 кебиња и 210 килограми облека. Укажани се и 36 асистенции по прва помош.
Според информациите од терен, најпотребни се вода за пиење, конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена и дезинфекција, лопати, гумени чизми и ракавици, кофи, батериски ламби.
