Германија: Акции против осомничени исламски екстремисти

10.08.2016 12:33

Извршен е претрес во домови и објекти на осомничени лица во градовите Дуисбург, Дортмунд, Диселдорф и Тонисфорст.

Германската полиција денеска почна акции против осомничени исламски екстремисти во неколку градови во провинцијата Северна Рајна- Вестфалија.

Извршен е претрес во домови и објекти на осомничени лица во градовите Дуисбург, Дортмунд, Диселдорф и Тонисфорст.

Операцијата е насочена против исламски проповедник, кој убедувал млади муслимани да се борат во Сирија и Ирак.

Тој е осомничен и за поддршка на терористичка организација во странство.