Над 15 милиони евра штета претпреа компаниите лоцирани во Сингелиќ

10.08.2016 12:54

Бараат од владата механизам со кој ќе се олесни начинот на проценка на штети. Според нив повеќе од 400 деловни субјекти во поплавените подрачја имаат штети, а само во зоната над 20...

Повеќе од 15 милиони евра се проценките за штети од поплавите во економската зона „Сингелиќ“- велат бизнисмените. Бараат од владата механизам со кој ќе се олесни начинот на проценка на штети.

Според нив повеќе од 400 деловни субјекти во поплавените подрачја имаат штети, а само во зоната над 20.

Станува збор за увезена трговска роба, регистрирана во царинските служби во нашата земја, уредно платена според законите. Според нашата проценка целата роба е уништена, бидејќи висината на водата изнесуваше 2 мерти и 10 сантиметри, на површина од 20 хектари- велат бизнисмените од овој регион.