Дрекслмаер и Кофикаб ќе отворат 5.000 работни места во Кавадарци
30.01.2014 11:39
Две големи странски инвестиции во Кавадарци ќе отворат околу 5.000 работни места...

Две големи странски инвестиции во Кавадарци ќе отворат околу 5.000 работни места. Станува збор за фабриките Дрекселмаер и Кофикаб. Досега се отворени речиси 3.000 работни места во Дрекселмаер, изјави вицепремирот и министер за финансии Зоран Ставрески на партиската трибина која се одржа во Кавадарци синоќа.
„Таквите инвестиции ги има во сите региони од државата“, рече Ставрески и додаде дека во програмата, во оваа фаза, се предвидени разговори со уште 10-15 инвеститори.
Ставрески потсети дека владата во изминатите неколку години реализираше бројни проекти во сите сфери на живеењето, а се со единствена цел да се подобри животот на граѓаните.
Нагласи дека Македонија остави зад себе уште една успешна година на економски план, за разлика од многу други земји кои се бореа со рецесија.
