Водата во поплавените подрачја е хемиски исправна, но останува забраната за консумирање

10.08.2016 14:07

Иако водата е хемиски исправна, сепак од таму информираат дека останува забраната за консумирање на водата во поплавените подрачјата.

Нема патогени бактерии во водата за пиење во подрачјата зафатени од големото невреме- покажале анализите од Институтот за јавно здравје. Иако водата е хемиски исправна, сепак од таму информираат дека останува забраната за консумирање на водата во поплавените подрачјата.

Дека водата во овие места е исправна покажале и вторите анализи на Центарот за контрола при водовод и канализација, на примероци кои биле земени во понеделникот.