Во Москва в среда ќе допатува турска делегација
10.08.2016 14:50
Се очекува посетата на турскиот министер на дипломатијата, како и воени власти.

По разговорот меѓу рускиот и турскиот претседател, Путин и Ердоган, во Москва в среда ќе допатува и поширока турска делегација. Се очекува посетата на турскиот министер на дипломатијата, како и воени власти.
Соопштението го објави Мевлут Чавушоглу, откако двајцата лидери се договорија да ја интензивираат соработката во борбата против тероризмот.
Чавушоглу додаде и дека посетата на Ердоган не е одговор на западните земји поради недостатокот од поддршка по неуспешниот воен преврат во земјата.
