До пладне до ДИК пријави од 3.642 граѓани со спорни записи

10.08.2016 16:04

ДИК соопшти дека 1.605 лица се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на Комисијата, додека 2.037 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет страницата на ДИК.

До денеска напладне, до Државната изборна комисија (ДИК) се пријавиле вкупно 3.642 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

ДИК соопшти дека 1.605 лица се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на Комисијата, додека 2.037 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет страницата на ДИК.

Најмногу пријавени има во Чаир 528, во Тетово 271, Сарај-242, Куманово - 211, Аеродром - 206, Кичево-179 и Гостивар-171.