Олимпизам
Дамјановски ќе го носи знамето во Сочи
30.01.2014 11:57
Дарко Дамјановски ја доби честа да го носи македонското знаме на Церемонијалот на Свеченото отворање на Олимписките зимски игри во Сочи...
Дарко Дамјановски ја доби честа да го носи македонското знаме на Церемонијалот на Свеченото отворање на Олимписките зимски игри во Сочи.
Најдобриот македонски „нордиец“ трет пат во кариеарата ќе биде учесник на Игрите. Првото олимписко искуство го имаше на ЗОИ во Торино во 2006 година кога во крос-кантри трката на 15 километри класичен стил го освои 84 место. Четири години подоцна во Ванкувер беше дел од дисциплината 15 километри слободно. На целта пристигна со 85 – време. 32-годишниот Дарко Дамјановски минува низ најдобрата сезона во кариерата. Своето учество на претстојната Олимпијада го обезбеди со исполнета „А“ норма.
На досегашните четири учества на Македонија на Олимписките зимски игри на Свечените отворања знаменосци беа:
1998 Нагано: Ѓоко Динески-скијачко трчање
2002 Солт Лејк Сити: Јана Николовска-алпско скијање
2006 Торино: Ѓорѓи Марковски-алпско скијање
2010 Ванкувер: Антониот Ристевски-алпско скијање
