Чешка испраќa техничка помош во Македонија
11.08.2016 10:13
Хуманитарниот конвој ќе тргне денеска.
Чешка ќе испрати 8 електрични генератори и 47 пумпи за чистење тиња по поплавите, кои пред неколку дена ја зафатија Македонија. Хуманитарниот конвој ќе тргне денеска.
Според портпаролката на Генералниот директорат на Противпожарната бригада на Чешка, Никол Заоралова, Македонија побарала химанитарна помош со посредство на европскиот систем за комуникација при кризни ситуации.
