Попладне невреме со пороен дожд, грмежи и ветер

11.08.2016 10:06

За попладне и утре повторно се најавува невреме со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер. Локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме, информираат од УХМР...

За денеска попладне и утре повторно се најавува невреме со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер.

Локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме, информираат од УХМР.

Утре ќе дува силен северен ветер, кој наместа ќе достигнува брзина и над 90 километри на час, што ќе предизвика значителен пад на температурата.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и посвежо време.