Онтарио: Ликвидиран осомничен терорист

11.08.2016 10:46

Акцијата била спроведена откако полицијата добила „доверлива информација“ за потенцијална терористичка закана во град во провинцијата Онтарио.

Канадските медиуми објавија дека во акција на канадската полиција во градот Стратрој бил ликвидиран осомничен терорист.

Акцијата била спроведена откако полицијата добила „доверлива информација“ за потенцијална терористичка закана во град во провинцијата Онтарио.

Полицијата засега официјално не го соопштува идентитетот на осомничениот терорист, но според анонимни разузнавачки извори на кои се повикуваат канадските медиуми, тој е идентификуван како Арон Драјвер кој лани  бил уапсен под обвинение за отворена поддршка на Исламска држава.