Општина Валандово ќе донира 300.000 денари за настраданите од поплавените региони
11.08.2016 10:59
Хуманитарна акција за собирање средства за најзагрозените, вчера спроведе и општинската организација на Црвениот крст.

Советот на Општина Валандово од буџетот издвои 300 илјади денари за помош на настраданите од невремето во скопскиот регион.
Хуманитарна акција за собирање средства за најзагрозените, вчера спроведе и општинската организација на Црвениот крст.
Помошта со камион ќе биде доставена до магацинот на Црвениот крст во Скопје од каде што, според потребите, ќе се дистрибуира до крајните корисници.
